Хомо сапиенс виновен за исчезнувањето на Неандарталците од Европа


Нашите предци се виновни за исчезнувањето на Неандарталците од Европа, а не промената на климата како што до сега се веруваше, покажала една научна студија.

Доказите покажале дека далечните роднини на современиот човек почнале да се повлекуваат и исчезнуваат од Европа многу пред масивната вулканска ерупција која го турнала цел континент во ледена ера.

Со проучување на слоеви од вулканска пепел се дошло до сознание кое покажало дека климата не била пресуден фактор за уништување на Неандарталците. Голема е веројатноста истите да биле уништени од Хомо сапиенс кој мигрирал од Африка.

Повеќето експерти се едногласни дека Неандарталците не можеле да се натпреваруваат во потрагата по природни ресурси со далечните припадници на човечкиот вид, кој поседувал подобро орудие, оружје и начин на комуникација.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1