Српската православна Црква и нејзиниот Патријарх Иринеј порачаа денеска дека се против геј парадата во Белград, односно дека Србија не треба да го финансира ваквиот настан. Патријархот Иринеј, пред одржувањето на геј парадата во Белград јавно им се обрати на организаторите со предупредување на сите “опасности” кои се очекуваат да бидат предизвикани.
Иринеј рече дека станува збор за непримерен собир на кој му се протви најголемиот дел од граѓаните и им порача на организаторите да не ризикуваат за да ги задоволат „европските ментори“
Иринеј, хомосексуалците ги изедначи со педофилите.
„Ако геј сексуалното определување е оправдано и требад а се пропагира, на основа на што истото не важи за педофилијата која е масовно раширена во западниот свет, за инцестот и за многудруги начини на задоволување на деформираниот сексуален нагон?
Зошто нивното право е помалку право од она таканаречено правно на вашата сексуална (дез) ориентираност.“ – изјави поглаварот Иринеј