Хорор детали од трагедијата во Грција: Во двор на куќа 26 тела пронајдени прегрнати


Повикувајќи се на грчкиот Црвен крст, тамошните медиуми јавија дека утрово се пронајдени тела на 26 лица во градина на една вила во Мати, 40 километри од Атина, а дека претходната ноќ настрадале 24 лица.

Се претпоставува дека се во прашање членови на семејство, а многумина се пронајдени прегрнати.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се врати од посетата на Босна за да ја следи состојбата во земјата. Рече дека повеќе од 600 пожарникари се ангажирани во гасењето на пожарот, а операцијата ја отежнува ветерот што дува до 100 км на час.

Грчкото претседателство го откажа денеска предвидениот прием по повод годишнината од враќањето на демократијата во земјата во јули 1974 година.

Грција го активираше европскиот механизам на цивилна заштита за помош од европските партнери. Шпанија упати авиони, а Кипар екипа од 60 пожарникари.

Шумските пожари во текот на врелите и суви лета се чести во Грција, но катастрофата со која таа држава моментално се соочува не е видена десетина години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1