Очајна мајка храбро отишла во седиштето на ИД да го бара нејзиниот син кој бил киднапиран во Мосул.
Џихадистите на мајката и’ понудиле оброк пред да „го види синот“. И‘ дале месо и ориз, а кога таа прашала каде е нејзиниот син тие и’ одговориле: Штотуку го изеде!
Светските медиуми денеска ја пренесуваат оваа ужасна вест – повикувајќи се на тврдењата на британски државјанин кој отишол да се бори против Исламската држава.
Јасир Абдула, кој работел како обезбедувач во Кигли, Западен Јоркшир, решил за дамине за Ирак и да се бори против џихадистие на ИД откако слушнал дека тие се доближиле до неговото родно село, кое го напуштил во 2 000 година.
Од фронтот се вратил пред извесно време и во изјава за „ The Sun “ го раскажал овој ужасен случај.
Имено, повозрасна жена се охрабрила да го побара својот киднапиран син од терористите, доживеала ужасен шок кога и рекле дека остатоците од нејзиниот син и ги послужиле како оброк!
-Таа била решена да го најде својот син и отишла во седиштето на ИД каде побарала да го види. Еден од џихадистите и’ рекол да седне бидејќи долго патувала и да јаде нешто пред да се сретне со синот. И’ донеле чај, а потоа супа, ориз и месо. Жената мислела дека се љубезни. Всушност, тие го убиле нејзиниот син, го исекле на парчиња … Кога таа завршила со јадењето и побарала да го види синот почнале да се смеат и и рекле: Штотуку го изеде, изјави Абдула за „The Sun “ .
Абдула носи и други страшни приказни од фронтот – вели дека терористите ги повикувале локалните жители од селата и градовите кои ги освојуваат, да се предадат, заканувајќи им се дека во спротивно ќе ги киднапираат и ќе ги закопаат живи.
Негов роднина бил убиен од ИД. Иако се вратил кај семејството и кај своите деца, Абдула сака повторно да замине во Курдистан и да се бори против терористите.
Kurir