ХОРОР: Ги успал и пресекол вратот на 14 лица од семејството – заклал и 7 деца (Видео)


Тешкото злосторство се случило во местото Тане, одалечено околу 32 километри од Мумбај.Индиецот Хасин Анвар Варекар (35) се обеси откако со нож им го пресекол вратот на својте родители и на 7те деца (негови браќа, сестри и братучеди). Тој, наводно убил вкупно 14 членови од своето семејство пред да си пресуди себе си.

Indija-ubica-620x350

Во полициското соопштение се вели дек Хаснин Варекај, ставил силен садатив во храната на своите најблиски, а откако сите заспале, ги убил пресекувајќи им го со кујнски нож грлото.

Полицијата и властите во Тане биле алармирани од соседите, кои рано изутрината слушнале пискотници од сестрата на убиецот, која единствена останала жива во овој масакар на нејзиниот брат. Засега не се познати мотивите за ова тешко злосторство, но претставник на полицијата им изјавил на индиските медиуми дека Варекај страдал од „тешка траума“ и бил на лекување во локалната болница.

-Напаѓачот Хасин Анвар Варекар, се обеси откако им го пресече вратот на останатите членови од семејството, вклучувајќи ги и сопствените родители – изјави портпаролот на полицијата Гајанан Лаксман Кадбул.

Пред да почне со извршување на масовното злосторство, тој добро ги затворил сите врати на семејната куќа.

Хаснин Варекај работел во Мумбај како сметководител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1