Бремената A. M. M. (31) од Темерин пред очите на вработените во здравствената амбуланта во Бачко Градиште, се здобила со полесни повреди од нож по телото и рацете.
Драмата траела десетина минути и продолжила на улицата пред аптеката, каде бремената А.М.М. од страв се обидела да побегне, а повредите со нож и ги нанел 31- годишниот Р.Т. од околината на Бечеј со кого била во емотивна врска.
Насилникот по нападот побегнал во непознат правец. Но набрзо е уапсен, одведен на сослушување и одреден му е притвор од 48 часа.
Жртвата со возило на Брза помош е префрлена во Ургентниот центар во Нови Сад, од каде по укажаната медицинска помош е пуштена на домашно лекување.
Полицијaта овој инцидент го оцени како обид за убиство.