Четири лица загинаа, а две се потешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила рано утринава околу 3.30 часот кај Ниш.
Четворица градежни работници од околината на Лесковац загинаа во тешка соораќајна несреќа, која рано утринава се случила во близина на Ниш. Според српски Курир, камион со турски регистраски таблички, натоварен со лубеници удрил во две комби возила со лесковачки регистраски таблички, кои биле паркирани на помошната коловозна лента.
Во моментот тие вршеле претовар на стока. Очевидци кои биле во непосредна близина на мотелот Најс ,за Курир велат, дека камионот ги истуркал возилата од патот. Во несреќата има и двајца повредени. Тие се во нишкиот клинички центар и се надвор од животна опасност.
Меѓу повредените е и возачот на камионот. На терен се пожарникарните служби и полицијата. Екипите се обидуваат да ги отстранат уништените возилата од патот.