Хорор кај Велес – многу жртви во железничка несреќа


Доцна вчера возот кој сообраќал на релација Велес – Скопје удрил во поголема група на мигранти кои се движеле по пругата.

Според првичните информации има голем број на загинати, но се работи за непристапен терен до каде се стигнува единствено по пруга. Тоа веројатно е причината поради која мигрантите немале можност каде да побегнат.voz belgrad

Теренот ја попречува и работата на спасувачките екипи. Според првичните информации се работи за пределот во близина на стојалиштето Пчиња.

Полициски екипи и јавен обвинител заминале на терен со помош на возило од македонски железници, но отежната е можноста за работа токму поради лошиот пристап до местото. Помош е побарана од повеќе надлежни институции но засега без резултат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1