Вчера околу 09,30 часот во село Сопот- светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија.
При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.
Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.