Хорор – Сакав со вазелин да си го зголемам пенисот – сега се распаѓам


Александар Џелиќ (46) од Ниш, Србија, скапо го платил данокот на машката суета, а неговиот обид да ја зголеми својата машкост, животот му го претворила во кошмар, пишува српски „Ало!“.Александар се одлучил за несекојдневен експеримент додека бил на издржување на шестогодишната затворска казна во Сремска Митровица, па сега неговиот полов орган е претворен во огромна безоблична маса.aleksandar-dzelic-penis-vazelin-povecanje-zatvor-bolovi-1445027809-763359-735x400

– Додека бев на робија, запознав еден осуденик кој се претстави како пластичен хирург. Рече дека е во затворот поради лошо лекување на некој пациент. Ми раскажуваше дека со разни третмани можам да зголемам некои делови на своето тело, па јас го прашав дали тоа се однесува и на пенисот. Тој ми рече дека за тоа е потребна операција, но дека постои третман кој може да се направи и во затворот. Ми рече дека е доволно во половиот орган да вбризгам вазелин, бидејќи тој не е штетен, а го дава очекуваниот ефект – раскажал Александар.

Опремата која е потребна за „интервенцијата“ му ја донел затвореникот кој отишол на отсуство, а одлуката да го зголеми пенисот ја донел во октомври 2010 година.

– Вбризгав вазелин во половиот орган, а бидејќи ништо не се случуваше, уфрлив под кожата дури 80 грама. Четири дена ништо не се случуваше, а тогаш почна пеколот – рекол Александар додавајќи дека половиот орган му отекол и дека добил ужасни болки.
– Ме однесоа во затворската болница, а кога им признав што сум направил, ме префрлија на Клиниката за урологија во Сремска Митровица, а оттаму во КБЦ Белград. Отокот беше ужасен, лекарите мораа да ми го расечат надворешниот дел за да можам да уринирам. Ми ставија катетер, тогаш добив инфекција, преживеав ужас – се присетува Александар.

Тој пред три години излегол од затворот и оттогаш се обидува да го реши проблемот. Чекал 14 месеци на операцијата, а дотогаш почнале да му отекуваат лимфните јазли.

– Кога конечно бев примен во белградската болница, ми пронајдоа стафилокока, па ме вратија во Ниш да ја излекувам, а потоа да се вратам. Повеќе не знам што да правам, ги молам лекарите да ме излекуваат, бидејќи повеќе ова не можам да го издржам. Телото ми се распаѓа, сопругата ме напушти, бидејќи не можеше да го поднесе овој ужас, а никој не може да ми помогне – вели Александар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1