Хорор: Си ја прегазил сопругата со автомобил, па ја бодел со нож


Три пати ја прободел со нож, а пред тоа ја прегазил со автомобил. Страшен обид завчера ги вознемири граѓаните на Лесковац, Србија.policija srbija

Според информациите објавени во локалните медиуми, 30 годишниот маж околу 15 часот по расправија со својата сопруга влегол во својот автомобил и додека таа трчала по него, ја прегазил.

Излегол од возилото и со нож и нанел три убоди, во вратот, стомакот и потколеницата. За среќа, раните биле површински, па жената преживеала, но нејзината состојба е критична и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Полицијата се уште го истражува случајот, па не открива детали околу причините за расправијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1