Хорор сообраќајка во Маврово: Камион удри во мерцедес, тешко повредени три деца и новороденче


Вчера во 15,30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на бензинската пумпа на “Макпетрол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ.(46) од с.Голема Речица, тетовско, и товарно моторно возило „МАН“ со полуприколка, со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице, а управувано од М.Б.(33) од с.Челопек-Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во “мерцедесот“ Е.Џ.(37), и осумгодишно дете додека, пак, уште две деца на возраст од 10 и три години, како и новороденче, се здобиле со телесни повреди. Сите повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Дебар, а по укажаната лекарска помош се пренесени во Клинички центар Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1