Припадници на Министерството за внатрешни работи од Пожаревац во Србија утрово во селото Бродице пронашле безживотни тела на еден маж и една жена, кои биле фрлени во септичка јама во дворот на семејната куќа.
Како што дознава “Блиц”, тоа е сопружниците Драгољуб (71) и Драга (79) Југовиќ. Нивното исчезнување вчера го пријавиле соседите.
Првите податоци од местото на настанот покажуваат дека Драгољуб и Драга биле убиени со нож, а потоа фрлен во септичка јама. Двајцата работеле во странство, а во Србија се вратиле по пензионирањето.
МВР на Србија ги презема сите мерки за да ги расветли околностите на убиството.