Тежок малер за жител од штипска Шашаварлија. Во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле.
Лошото за него почнало на 200 метри од селото кога со моторот удрил во запрежна кола, излетал на патот и целиот се испокршил.
Помош побарал од двете лица кои биле во запрежната кола, но наместо тоа, тие жестоко го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа и го ограбиле.
Од патот до дома, нападнатиот стигнал тешко, по што најбилските повикале полиција, а него итно го однеле во болница. Лекарскиот преглед кај него констатирал повреди по целото тело, но за среќа опасност по неговиот живот нема.
Полицијата работи на расчистување на случајот, а особено ќе се истражува дали сообраќајната несреќа била случајна или добро испланирана од страна на напаѓачите кој на овој начин чекале жртва.