ХОРОР ВО 10 МИНУТИ: Жител на штипско имал сообраќајка, го претепале, па ограбиле


Тежок малер за жител од штипска Шашаварлија. Во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле.

Лошото за него почнало на 200 метри од селото кога со моторот удрил во запрежна кола, излетал на патот и целиот се испокршил.brza pomos233

Помош побарал од двете лица кои биле во запрежната кола, но наместо тоа, тие жестоко го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа и го ограбиле.

Од патот до дома, нападнатиот стигнал тешко, по што најбилските повикале полиција, а него итно го однеле во болница. Лекарскиот преглед кај него констатирал повреди по целото тело, но за среќа опасност по неговиот живот нема.

Полицијата работи на расчистување на случајот, а особено ќе се истражува дали сообраќајната несреќа била случајна или добро испланирана од страна на напаѓачите кој на овој начин чекале жртва.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1