Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против едно лице за сторен полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот, родум од Скопско, делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз оштетената – малолетник, кој не наполнил 14 години, соопшти Основното јавно обвинителство Битола.
По пристигнување на кривичната пријава од СВР Битола, надлежен обвинител од битолското Основно јавно обвинителство донел наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, каде казната затвор е од најмалку осум години.
– Ценејќи дека се исполнети законските основи јавниот обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Судијата на предходна постапка го прифати предлогот, па со решение определи притвор за осомничениот во траење од 30 дена, се неведува во соопштението од Основното јавно обвинителство Битола.