Разбојникот кој го малтретираше Дедо Љубе ќе лежи 8 години – апелација пресуди


Апелација ја потврди затворската казна за 28-годишниот Борче Иванов, еден од двајцара насилници кои влегоа во куќата на дедо Љубе и го нападнаа.

Тој заедно со убиениот разбојник влегол во куќата на старецот и додека ја малтретирале неговата сопруга, тој се симнал во подрумот, ја земал сачмарката и испукал куршум со кој го усмртил Златанов. dedo ljube mk3

Пред апелациониот суд обвинетиот кој го преживеа патронот тврди дека не го удрил старецот.

-Ќе барам оштета од старецот, рече Борче непосредно пред неговото судење за разбојништво
Според обвинетиот Иванов, со пријателот Зоран Златанов од Кочани тргнале во селото Којково по долг од продажба на пушка. Негира дека го тепал старцот, тоа го правел Златанов кој почина од куршумот на дедо Љубе.
Според сведоштвото на дедо Љубе пак двајца со фантомки му ги барале парите од овците. Рацете и нозете му ги врзале со јаже, а неговата неподвижна жена ја покриле со ќебе преку глава која малку недостасувало да се задуши. Додека тие растурале по собите, Љубе се одврзал и земал пушка од подрум. Златанов го застрелал додека овој во рацете држел моторна пила, а Иванов успеал да избега.

Инаку, според пресудата, Иванов ќе одлежи осум години затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1