Овие фотографии не се од хорор филм ниту пак се работи за грешка во фотографирањето, ова се реални фотографии од ноќеска сликани во среде урбана средина полна со куќи, згради и жители И ТОА ВО ЦЕНТАРОТ НА БОГДАНЦИ… Вистински Хорор на улиците во Богданци. Иронично но првиот македонски град на ветерниците кои произведува струја, тоне во мрак речиси една недела.
Ова се фотографии од населба во центарот на градот и тоа на една од пофреквентните улици. Оваа мала бела точка во централниот дел на фотографијата е камбанеријата на црквата која се наоѓа во Центарот, но до неа има само црна темница…
Според жителите кои се обратија до нас веќе една недела уличните светла светат само на главните улици додека цели населби кои не се крај главната улица се во тотален МРАК единствени светла кои се наѕираат за жителите да може воопшто и да видат каде се движат се од прозорците на куќите и тоа само до некое време во ноќта, нормално.
Жителите немаат информација зошто и покрај тоа што редовно плаќаат сметки за улично осветлување повеќе од една недела преживуваат хорор кога се враќаат во своите домови навечер.
Богданци е градот кој долж целиот рид над него е домаќин на првите ветерници во Македонија кој произведуваат струја, па иронично е што градчето под ветерниците изгледа како на овие фотографии. Ова на сликите подолу е всушност една од главните улици а како што се гледа – односно прст пред око не се гледа, а камо ли улицата. По овие црни темници децата навечер ни се враќаат дома, загрижени сме за нивната безбедност, велат жителите.
Освен ова во одделни населби во градот освен проблемот со струјата, велатдека се затрупани и со смет. Сметот од контејнерите не е испразнети речиси 3 недели. Компанијата задолжена за сметот ги празни само контејнерите од главните улици, а поради непознати причини не го собира сметот од кантите пред домовите кои секој месец плаќаат за тоа.