Мигрантите ќе ни останат на Балкан – Унгарија почна да го гради ѕидот на граница со Србија


Унгарската војска денеска почна да ја крева оградата на границата со Србија, за да го запре приливот на илегални мигранти.

Како што јавува Танјуг, градежните работи започнале утринава во околината на градот Морахал, каде булдожер го подготвуваше земјиштето за градба.migranti-ungarija

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно изјавли дека на Министерството за внатрешни работи му било наложено да се подготви за изградба на оградата висока четири метри во должина од 175 километри на дел од границата со Србија, а која ќе биде крената во осум до 10 области кои, како што наведе, се најизложени на притисокот на имигрантите.

Парламентот на 6 јули и одобри на Унгарија да искористи 10 метри простор во рамки на надворешните граници од Шенген зоната на ЕУ за да обезбеди брза изградба на пограничен ѕид, потсетува Танјуг.

Од друга страна, Владата соопштила дека за изградба на оградата ќе издвои речиси 21 милиони евра.

Од почетокот на годината во Унгарија веќе се влезени околу 80.000 мигранти и бегалци, а во моментов околу 80 отсто од нив потекнуваат од земјите кои се на удар на воените дејствија како Сирија, Ирак и Авганистан, наведуваат американските медиуми.

Повеќето од нив бараат азил во Унгарија, но брзо, и пред барањата да им бидат разгледани, заминуваат во други, побогати земји од Европската унија, како Германија и Шведска, заклучуваат американските медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1