Синоќа во 20:45 часот во Здравствениот дом Бреза е донесено мртво малолетно дете со повеќе повреди на телото, а констатирано е дека станува збор за насилна смрт.
Таткото на детето Н. Б. родена во 2016 година беше уапсен вечерва во Бреза, Босна и Херцеговина под сомнение дека ја удавил.
Според информациите на „Аваз”, и според официјалните информации од оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеница-Добој кантон, околу 20:45 часот во Здравствениот дом Бреза е донесено мртво бебето со повеќе повреди на телото.
– Во таа прилика, е констатирана насилна смрт. За овој настан е известен дежурниот тужител Енес Сикирач. На местото на настанот дојде истражниот тим на полицијата.
Таткото на бебето е уапсен – а тоа е потврдено за „Avaz.ba” од оперативниот центар на Полицијата.