Хорор во британските домови – 600.000 деца се сексуално злоупотребувани


Во следните неколку месеци ќе се откријат повеќе скандали за сексуално злоупотребување деца како тој во Ротерхам, предупредува еден од врвните полицајци во Британија. Сајон Бејли, шеф на полицијата во Норфлок,  предупредува дека степенот на проблемот е многу поголем отколку што претходно се мислеше, со процени од последното истражување дека бројот на децата што се сексуално злоупотребени во некој период од своето детство би можел да изнесува 600.000.
pedofil siluvanje
– Не знаеме за сигурно, но мислам дека годишно има илјадници жртви на застрашувачки криминални дела – истакнува Бејли.

Во август Алексис Џеј, професор и поранешен социјален работник, откри дека банди составени претежно од Азијци во Ротерхам за 16 години злоупотребиле околу 1.400 девојчиња, од кои некои биле на возраст и на само 11 години. Џеј исто така откри дека полицајците често не им верувале на девојчињата кога контактирале со нив. Имаше и загриженост за одговорот од полицијата на слични злоупотреби на деца што се случиле во Рочдејл, Барнсли и Донкастер.

Полицијата во Манчестер, која е третата сила во Англија и Велс, беше обвинета за обиди за прекривање неуспеси за фаќање на бандите на Азијците што ги злоупотребувале девојчињата.

Полицијата е загрижена дека бандите не се најголемиот проблем кога станува збор за сексуална злоупотреба, туку дека тоа е домот.

– Ова засенува една многу поголема слика, а таа е дека 90 отсто од сексуалната злоупотреба на деца се одвива дома, каде што криминалните дела над жртвите се изведени од луѓе што веќе ги знаат – посочува полицаецот и додава дека на ова треба да му се посвети многу поголемо внимание.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1