Вчера во 12,00 часот во ПС-Кичево, 24-годишно женско лице од село во О.Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16 јануари година околу 06,40 часот, од страна на нејзиниот 55-годишен татко и било извршена обљуба.
Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево.
Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за социјални работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во кичевската болница.
Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.