Возач на градски автобус во Санкт Петерсбург изгуби контрола над возилото при брзина од 60 километри на час и покоси минувачи кои стоеле на станицата.
На ЈуТјуб се појави снимка од страотна сообраќајна несреќа.
Руските медиуми наведуваат дека автобусот кој се движел со 60 километри на час удрил во луѓето на тротоарот, во несреќата се повредени 24 лица, од кои шест биле малолетни, но тие се полесно повредени и пуштени на домашно лекување .
Две лица од повредените 24 се во тешка состојба.