Хорор во Србија: Со 22 убоди го усмртил својот татко бидејќи го терал орално да го задоволува


Александар Маринковиќ (20) од Алексинац, Србија, кој е обвинет дека со 22 убоди со „рамбо“ нож на 10. јануари оваа година го избодел својот татко Срѓан Маринковиќ (43), на судењето се бранел дека злочинот го направил бидејќи татко му го терал орално да го задоволи.srufhfdghfghfgs-59869

Убиството поради кое на момчето му се заканува затворска казна од 40 години се случило во куќа во селото Глоговиц, откако таткото и синот се вратиле од една прослава.

– Кога си дојдов, беше буден, стана и почна да ме тепа. Ги соблече боксериците, ме фати за глава и ме повлече кон својот полов орган. Рече: „тој те направи, него и ќе го бакнуваш“. Ми ја влечеше главата кон половиот орган и викаше: „П**и го, друго и не знаеш да правиш“. Кога го почувствував пенисот на усните, ми се згади животот. Се во мене се преврте. Осетив бес и гнев, изјавил Маринковиќ.

Тој рекол дека во еден момент татко му ги облекол боксерките и тргнал надвор до тоалет. Му рекол „нигде да не мрда“. Се сеќава дека го убодел два пати со ножот и повеќе на ништо не се сеќава. Тој тврди дека татко му и пред тоа го терал орално да го задоволува, но некако успевал да се одбрани.

Александар сведочел и дека Срѓан многу го тепал во детството зборувајќи му дека не е негов син, а на помалиот брат му пуштал порно филмови иако бил дете. Неговата сестра Сандра, која по разводот останала да живее со таткото. сведочела дека во една прилика таткото и се вовлекол во креветот пијан, по што се преселила кај нејзината мајка каде веќе биле нејзините браќа.

Судењето е прекинато поради дојава за бомба и ќе продолжи на 15. јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1