Девет годишно девојче од Свети Николе доживеало хорор кога вчера околу 12 часот додека се симнувала по скалите во влез од зграда била пресретната од страна на непознато лице по што истиот ги соблекол тренерките и полово се задоволувал пред неа.
Девојчето се исплашило и избегало.
-Истиот ден во времето од 18 до 19 часот во присуство на ОЈО од Свети Николе и претставник од ЦСР- Свети Николе од страна на девојчето било извршено препознавање и бил утврден идентитетот на лицето. Станува збор за В.О.(46) од Свети Николе, информираат од полицијата.
Оттаму додаваат дека се работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.