11 годишно девојче полово нападнато во Кочани


Девојче на возраст од 11 години вчера било полово нападнато ул. „Роза Петрова“ во Кочани од страна на непознато лице.zlostavljanje-dece-pedofilija-maltretiranje-hapsenje-620x350-43814

Од полицијата информираат дека бил извршен полов напад со друго полово дејствие врз девојчето на тој начин што истиот и пришол од зад грб и со двете раце ја фатил по што ја прилепил за себе.

Девојчето почнало да вика барајќи помош по што го удрила со мобилниот телефон по главата и успеала да го оттурне од себе и да се ослободи.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1