Крвава драма се одвивала во Тетово. Околу 19 часот и 40 минути во Клиниката во Тетово било донесено 13-годишно девојче од селото Милетино, со убодна рана во стомакот. Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено итно на Ургентен.
девојче на возраст од 13 години било со убодна рана од остар предмет во пределот на стомакот, по што и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Ургентниот Центар-Скопје.
Извршен бил разговор со девојчето и констатирано е дека истата била нападната од четири малолетници, меѓу кои и еден 12-годишен малолетник од с.Желино-тетовско.
Во ПС-Тетово извршен е разговор со малолетното лице во присуство на родител и истиот кажал дека најпрвин девојчето го удрила со клоца во пределот на нозете, а потоа тој со ножот ја прободел и избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.