Хорор во тетовско: Го пикнал во своето “БМВ“, го избодел и го ограбил


Ноќеска, 20 минути по полноќ, во с.Боговиње, тетовско, А.Н. извршил разбојничка кражба над М.И.(33) од с.Добридол, гостиварско.

М.И. со сопственото патничко моторно возило бил паркиран во близина на амбулантата и во еден момент до него се паркирало возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.g_noz

Од возилото излегло непознато лице, кое се претставило како А.Н., и го прашал кого чека тука, по што му наредил да влезе во неговото патничкото возило. Откако двајцата влегле во „БМВ-то“, А.Н. насилно му одзел мобилен телефон и 800 денари.

После тоа го стартувал возилото, застанал на друга локација и со нож му нанел повреди на М.Н. во пределот на челото и раката.

М.Н. успеал да излезе од возилото и да побегне. Истиот бил пренесен во Клинички центар Тетово каде му се констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1