Хорор во циркус: Акробати паднаа од 12 метри (Видео)


cirkus-nesreka-480x641

Во циркуска претстава во Провиденс, во американската сојузна држава Род Ајленд, при неуспешна точка тешко се повредени девет акробати.

Генералниот менаџер на циркусот, „Риндлнг брадерс и Барнум енд Бејли“ истакнал дека несреќата се случила за време на изведувањето на точката „Хенг, хенг“.

Во неа учествувала група девојки, кои изведуваат акробации, висејќи од една платформа обесени за косата.

Вкупно се повредени 15-20 изведувачи, од што осум акробати се тешко повредени, откако паднале од една платформа, од 12 метри височина, додека девет потешко повредени биле на земјата.

Полицијата изјави дека дополнително треба да се утврдуваат причините за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1