Посмртни остатоци од најмалку 100 распарчени затвореници и посетители се пронајдени во одводните цевки во неколку затвори во главниот град на Колумбија.
Во еден од најозлогласените, Ла Модело во Богота, каде се сместени трговци со дрога и марксистички бунтовници, поради пренатрупаноста има најмногу насилство. Се верува дека најмногу жртви чии остатоци се најдени во канализацијата, всушност се од овој затвор.
-Делови од тела на затвореници пронајдени се и во затворите Букамаранг и Баранкил, изјави Катерина Хејк, од кабинетот на Државниот обвинител.
-Се уште не го знаеме точниот број на жртви но сме сигурни дека има повеќе од 100, рече таа.
Да потсетиме, колумбиските затвори се затвори со најлоши услови во цела Латинска Америка. Насилство има премногу, затворениците вода имаат само 4 часа дневно, и само еден лекар во објектот. Според едно истражување, во затворите владее толкава пренатрупаност, што дури во еден е забележано надминување на капацитетите од дури 478 проценти.