Хорор за 20 год скопјанка: Дечкото објавил секс фото на Инстаграм – и барал пари и ја претепал


Полицијата до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето А.Ш. (19) за сторени кривични дела -“уцена “ и – “злоупотреба на лични податоци”, а од страна на судија за претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во времетраење од осум дена.

Имено, пријавениот кој претходно бил во љубовна врска со 20 годишната девојка, на 13 овој месец и се заканил дека доколку не му даде парични средства во висина од 5.000 денари ќе објави фотографии со копромитирачка содржина на социјалната мрежа “Instagram” кои фотографии ги направил при сексуален чин помеѓу нив. Истиот ден, пријавениот го отворил Инстаграмот без нејзина согласност и користејќи лични податоци од оштетената на лажниот профил поставил дел од нејзина фотографија направена при сексуален чин.

ONline sex

Кога оштетената дознала дека А.Ш. отворил лажен „Instagram“ профил и поседува нејзини компромитирачки фотографии, се сретнала со него при што истиот физички ја нападнал, задавајки и удари во пределот на лицето и повторно и се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5.000 денари.

Оштетената случајот го пријавила во полиција при што е земен Зaписник за примање на пријава и поради потребата од обезбедување докази за кривичните дела со потврда за одземени предмети од истата се одземени 3.000 денари кои се фотографирани за што е изготвен Фотоалбум и истите и се вратени со потврда за вратени предмети.

Пријавениот на 14 овој месец по претходно телефонско јавување и упатени сериозни закани, од оштетената земал 3000 денари, по што повторно физички ја нападнал.

По превземени дејствија од страна Алфите пријавениот е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Кисела Вода заедно со уште едно лице кое било со пријавениот при извршување на кривичните дела. Во ПС ОН Кисела Вода на пријавениот му е извршен преглед при што се пронајдени парични средства и мобилен телефон и истите се одземени, а врз основа на дадена усна наредба од судија за претходна постапка од ОСС Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1