Вештачење: Топаловски убил во афект и паника поради претрпениот страв


Психијатар-вештак пред судиите потврди дека Ѓорѓи Топаловски, кој е обвинет за убиството на Андреј Филип-Џиџи (34) и неговиот шура Новица Благоевиќ-Моско (30) во 2007 година, не е, ниту некогаш бил психички растроена личност. Вештачењето покажало дека нападите и заканите што ги добивал му ја намалиле можноста да размислува.

topalovski500
– Афективната состојба била причина за обвинетиот Ѓорѓи Топаловски да го изврши кривичното дело. Тој го сторил тоа во време кога кај него се јавиле негативни емоции како страв, паника, беспомошност и ужас. Тензијата придонела тој да не може објективно да размисли за последиците – изјави лекарката-психијатар, која го изготвила вештачењето.

Според неа, тој откако бил нападот го зел пиштолот, пукал, а потоа избегал. Се јавувал да провери каде е сопругата. Талкал поради страв од можна освета. Тоа што не се сеќавал на извршувањето на кривичното дело не значи дека тој е душевно растроен, туку амнезијата настанала како резултат на одбрана во една неповолна ситуација.

Топаловски е обвинет за убиство на миг, оти, според Обвинителството, без своја вина бил доведен во состојба на силна раздразливост и го извршил двојното убиство.

Тој пред судот се појави минатиот месец откако беше екстрадиран од Доминиканската Република, каде што избега по убиството. Топаловски тогаш до детали раскажа дека добивал закани од убиениот Џиџи. Се плашел и бегал, а пред да го изврши убиството бил нападнат и претепан со лопати. Пред судот рече дека на денот кога го извршил убиството за кое не се сеќава, Џиџи му кажал дека сите ќе му ја силуваат бремената сопруга, тој ќе гледа, а потоа ќе го убијат.

Utrinski

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1