Хоророт на Кардашиан: И ги врзале нозете и рацете со лисици, па ја фрлиле во када


Најпознатата ријалити ѕвезда пред неколку дена беше нападната и ограбена во Париз кога непознати разбојници влегле во нејзината вила и ја ограбија. Како што признала и самата Ким Кардашиан, во тие моменти била преплашена и мислела дека ќе ја убијат или ќе ја силуваат.

Крадците откако минале незабележани покрај нејзиното обезбедување и влегеле во куќата, ја врзале Ким, по што и украле накит во вредност од коколу 10 милиони евра. Како што објави Дејли Мејл, постојат основани сомненија дека старлетата ја ограбиле членовите на криминалната група Пинк Пантер.2kim-520x338

Во грабежот учествувале петмина напаѓачи кои го присилиле портирот да им отвори, кој во моментов е клучен сведок за случајот.

Кaко што пишуваат светските таблоиди, двајца мажи ја малтретирале Ким. И ги врзале рацете со лисици, нозете со лента, а и ја залепиле и устата по што ја оставиле во када. Старлетата ги молела за својот живот и врескала да ја пштедат и дека е мајка на две деца, пред да ја замолкнат на насилнички начин.

Крадците знаеле точно што бараат и кои парчиња се највредни, па од нејзината кутија за накит и го украле вереничкиот прстен вреден околу 4.5 милиони евра.

– Беше видно вознамирена и преплашена. Ова и беше најтешкиот момент во животот. Разговараше со полицијата, а потоа брзо го напушти Париз со приватен авион, раскажал извор близок до Ким.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1