Дваесетина напаѓачи со имигрантско потекло, вчеравечер вербално и сексуално нападнале три девојчиња на возраст од 15,16 и 17 години во Хамбург.
Нападот се случил во трговски центар во центарот на градот, а при нападот напаѓачите сликале со телефони и фотографиите ги објавиле на социјалните мрежи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Двајца уапсени напаѓачи од Авганистан се обиделе да контактираат со девојчињата, па седнале до нив во кафе бар и поначе да ги допираат по што две од девојчињата најпрвин избегале, а потоа се вратиле по третото девојче кое што не можело да избега од групата напаѓачи. Вкупно во нападот учествувале дваесетина луѓе, а за уште двајца други уапсени напаѓачи не се открива идентитетот ниту потеклото. Двајца од напаѓачите кои имале престој во Германија при апсењето пружале отпор на полициските службеници.
Полицијата на напаѓачите им ги одзела телефоните на кои според „Билд“ бил снимен нападот. Политичките партии го осудија нападот, а полицијата распореди дополнителни службеници во неколку делови од Хамбург.
Според новите решенија во законот за азил, сите азиланти осудени за прекршување на јавниот ред и мир ќе бидат враќани во земјите на потекло без разлика на опасностите со кои ќе се соочуваат таму.