Овен- реинкарнација
Во животниот циклус значи минати животи. Тој е херојски змеј кој се бори против внатрешните демони и надворешните искуства. Ја има енергијата и агресивноста на Марс. Бега од монотонија и размислувања. Би требало да работи во друштвени заедници каде ќе може да се подобри себе си и да ја модифицира егоцентричноста.
Карма: Треба да живее во сегашноста, да го согледа својот внатрешен мир, да медитира, да ја пронајде забавата, да го поднесе животот кога не е розов. Треба да заборави на неуспесите и да гледа напред. Така ќе го добие тајниот клуч на вселенскиот мир.
Бик- создавање на духот
Претставува раст, сваќање на мудроста. Го штити Венера, земјената љубов, мајката на убавината и уметноста. Создава сигурност бидејќи има искуство со минатите животи, но со создавањето на духот покренува контактирање со внатрешниот живот.
Карма: Акцијата не зависи од работата, туку од психата. Огнената природа крие несигурност. Биковите не ги мотивира сигурноста туку сомневањето. Конзерватизмот може да го победат со контролирање на својата енергија. Само така ќе ја најдат внатрешната сигурност.
Близнаци- психичка и духовна еволуција
Во животниот круг претставува знаење и интелигенција: духовна еволутивна свест и земјено познавање на стагнацијата. Доминира Меркур, поради кој е друштвен, внимателен, интелигентен, има добра меморија ама ништо не доведува до крај. Иако чувствува потреба да се развие духовно, никогаш нема да најде мир.
Карма: Нестабилен е, осцилира во расположението. Ако во остварувањето на големи цели остане реален, ќе може да ја совлада контрадикторноста. Треба да медитира, да се одлучи, решението на проблемот е поблизу отколку што изгледа.
Рак- раѓање на човекот
Претставува знаење, инкарнација на духот во физичкиот свет. Психичката инкарнација е при крај, почнува физичката. Симбол е на мајчинството, телото, чувствата, вселената на жените. За да се заштити, чува се во себе како во затворена кутија. Во семејството наоѓа духовна вредност, но после долга и стрплива медитација, кога конечно ќе свати каде е изворот на живот. Премногу верува во вселената, сака да го продолжи детството, бара внимание, верност, непрекинато докажување на љубовта.
Карма: Посесивен е, сака да биде во центарот на вниманието, премногу е арогантен и сите ќе побегнат од него од страв да не му паднат во рака.
Лав- универзална свест
Претставува синтеза помеѓу свеста и реалноста. Лавот учествува во материјалниот свет, сака успех и стално да докажуваат дека е лидер. Ќе успее кога ќе ја победи зависта, потребата да му се восхитуваат.
Карма: Лавот се чувствува како да е центарот на светот. Ако не управува добро со енергијата, може да го поремети развојот на својата личност, да претераат во егоизмот. И најсигурниот Лав може да ја изгуби здравата памет. Кога тоа ќе се случи, треба да се сопрат, да слушаат и да учат од другите. Треба да им служат на другите, само така ќе успеат да воспостават кохезија на свеста и реалноста.
Девица- работа, физички свет
Би сакала да се врати во детството, доминирана е од Меркур, инкарнирана е душа. Односот со работите е истовремен, прима и дава. Со текот на годините се развива критички дух кој на се приговара, никогаш не е задоволна. Често касни на “воз”. Несреќата лежи во претераното злопамтило. Во анализирањето е непристрасна.
Карма: Ако сака да созрее духовно, треба да престане да се занимава само со себе и да почне да се грижи за другите. Треба да се насочи кон големи идеали, човештвото.
Вага- чувствителна експанзија
Бара рамнотежа помеѓу материјата и духот. Треба да се одлучи за хармонија или дисхармонија. Амбицијата ќе се намали само во случај кога ќе најдете некој на кој ќе му се допаѓате. Има мирен темперамент, активна е, без претерување- среќна комбинација во друштвениот живот. Треба да пронајде универзално знаење.
Карма: Ова е најнестабилниот хороскопски знак, чувствителноста е голема. Може да ја достигне висината, но и да ја уништи динамиката. Рамнотежата е: да не се затвори во сопствената стапица и да се вознемирува сама себе.
Шкорпија- желба за вечен живот
Ова е конфликт помеѓу духот и материјата (душата и сексот). Привлечна е, се покренува за да освојува. Желбата за живот е продолжена, присутни се: егоизмот, убавината, сензуалноста и посесивноста. Сака да ужива во земјените страсти, а ја привлекува духовната висина. Може да се изгуби во неконтролирани сексуални импулси или да стане прекрасна ако сексот сублимира. Уништува со својата критика, се плаши од смртта. Негативната Шкорпија се уништува сама себе.
Карма: Научето да ја штедите енергијата, не претерувајте, забавете го ентузијазмот. Вистинскиот цел на животот е логичен разум, конторлирајте ја деструктивната сила во себе.
Стрелец- Етапа на созревање
Ја претставува победата на борбата помеѓу духот и материјата. Кога одлучи да престане да ја дели правдата на светот, ќе добие сила да стане протагонист на божествениот закон. Може да живее во друштвен живот и да еволуира од внатре. Сака да ги поседува сите материјални добра, да ужива во успехот, но е дарежлив. Му се заканува враќање назад.
Карма: Не треба да се заканува за да дознае се по секоја цена, да не ја губи енергијата на милион работи. Внатрешниот мир се постигнува со смиреност. Стрелецот не е обичен знак, не треба да се троши таму каде што не е потребно.
Јарец- познавање на супериорното знаење
Успехот доаѓа преку искушенија. Сиромавиот (просјак, пророк) го поседува клучот за познавање на границата на земјените душевности, знае да го заврши процесот на реинкарнација. Само тој ја знае целтта на својот пат, работи во тишина,живее во осаменост. За да се развие треба да контактира со луѓето.
Карма: Сака да се наметнува, па може да биде циничен. Енергијата треба да ја упати во висината, спрема спиритуалното знаење. Само така може да влезе во срцето на настаните.
Водолија- свест за избор
Насочена е кон другите, ја презема одговорноста на себе, одговара за своите постапки, возрасна личност е. Нема илузија и не може да ги затвори очите пред реалноста. Управува сама со својата карма, вистински пријател е, треба да работи таму каде што доаѓа до израз друштвениот интерес. Во Водолијата се обединети сите енергии. Таа е иницијатор, ги познава ителектуалниот механизам на духот.
Карма: Има во себе огромно богатство на љубов, а постојано живее во страв дека сите ќе ја напуштат и издадат, дури и најдобрите пријатели.
Риби- враќање на светлината
Претставува синтеза на повторното раѓање. Рибите се деца на морето, сами се, но се соединуваат со Вселената. Добро се снаоѓаат во божественото, но при тоа не ја губат својата личност. Треба да ја отворат вратата која води до Вселената. Внатрешниот мир на Рибите е импресионирачки и реакционарен.
Карма: Треба да се препушти на морето за да се стигне до врвот на брановите. Долгиот пат кој го започнува ќе биде полн со тешкотии, па Рибите треба да го изберат најлесниот. Преку општата љубов ќе достигнат чувствителна обнова.