Љубовта на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ, синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, која деновиве е во центарот на внимание на јавноста, ги привлече и астролозите, па нивните предвидувања веќе се познати.
Северина е бик во хороскоп, а Игор лав. Астролозите порачуваат – прекин е сигурен. Врската ќе им трае околу две години, а постои и шанса за бебе. Првите предвидувања велат – тоа ќе биде една бурна врска.
-Емоционално таа е доминантна. Тој сега и импонира со неговата машка посесивност, но со време таа посесивност ќе биде премногу за Северина. Таа се чувствува вљубено, благодарение на Јупитер и Месец тие имаат почетна хармонија. Можно е да имаат бебе но нема да бидат долго заедно“, велат астролозите.
Иако според хороскопот не им се пишува добро, можеби на Северина сепак ќе и оствари желба да добие ќерка, бидејќи како што велат, уште едно бебе и е запишано во ѕвездите.
Вистина.мк.