Хосни Мубарак си ја скршил главата – паднал во бања


Соборениот претседател на Египет Хосни Мубарак паднал во затворската болница и си ја повредил главата, соопшти весникот „ Ал Ахрам“, цитиран од ДПА. 

hosni mubarakМубарак (84) се лизнал во бањата на својата соба во затворската болница, а лекарите веднаш му укажале прва помош.
Мубарак преживеа сличен пад и пред помалку од еден месец.

По три децении владеење со Египет, тој беше принуден да отстапи од власта во екот на масовните протести во февруари 2011 година. Во јуни Мубарак беше осуден на доживотен затвор заради неговата улога во смртоносните напади против демонстрантите во последните месеци од неговото владеење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1