ХПВ – вирус што не се лечи – 80 насто од луѓето се заразени, а и не знаат


Македонија е на второ место во Европа по заболеност од рак на грлото на матка.  Цервикалниот карцином кој го предизвикува ХПВ вирусот и кој е една од најризичните негови форми е се почесто присутен кај македонските пациенти а годишно од ХПВ вирус заболуваат од 4 до 5 илјади пациенти.

Последиците од Хуманиот папилома вирус (ХПВ) најчесто кај младите жени се привремени и немаат долгорочно значење. 70% од инфекции со вирусот ги снемува во тек на 1 година, а 90% во тек на 2 години. И секако дека тука најголема улога има способноста на организмот да се справува со инфекциите – односно имунитетот.

c1Постојат повеќе од 150 типа ХПВ, но сите не се полово преносливи. Друг збор за брадавица е папилома, а верувале или не, обичните брадавици што се појавуваат на нозете и на рацете се последица на некој ХПВ-вирус. За среќа, овие типови не се шират така лесно, ниту се поврзуваат со ракот. Но, околу 40 типа ХПВ се секуално преносливи. Некои од нив предизвикуваат генитални брадавици, а некои се канцерогени. Два типа се посебно опасни, 16 и 18 бидејќи предизвикуваат 70 отсто од сите случаи на рак на грлото на матката, додека 16 предизвикува и 85 отсто од аналните тумори. Кај жените, ХПВ може да доведе до рак на вагината, анусот, главата и вратот.

високоризични” видови (16, 18, 31, 35, 39, 45, 51, 52, 56) на ХПВ претставува ризик за појава на рак на грлото на матката. Постојна инфекција со “ниско ризични” видови (6, 11, 41, 43, 44) на ХПВ нема да доведе до рак на грлото на матката.

ПАП тестот може да ги открие како преканцерозите така и канцерозните промени на клетките од грлото на матката. Редовните ПАП тестови, а по потреба и лекувањето на преканцерозите промени на грлото на матката предизвикани од ХПВ, допринесуваат да не се развие животно загрозувачки рак на грлото на матката.

Кај 5% до 10% од заразените жени постои висок ризик за развој на преканцерозна лезија на грлото на матката, која може да напредне во инвазивен цервикален карцином. Овој процес обично трае 15-20 години, обезбедувајќи многу можности за откривање и лекување на пре-канцерогени лезии. Прогресија на инвазивен карцином може да биде речиси секогаш спречена кога се применуваат стандардни стратегии за превенција.

Најраните стадиуми на ракот на грлото на матката се асимптоматски, т.е. не се појавуваат никакви симптоми. Овој факт уште еднаш потврдува колку се важни регуларните контроли за раното откривање и спречување на развивањето на болеста.

Но, ако ракот започне да се развива, може да се појават следните симптоми:

  • крварење од вагината помеѓу две менструации
  • крварење и болка за време на сексуален однос
  • крварење по менопаузата
  • болки во долниот ден на стомакот
  • засилен вагинален секрет со силна миризба, кој може да содржи и траги од крв
  • целосно слабеење на организмот.

Ако забележите некои од овие симптоми, не треба веднаш да заклучите дека имате рак. Дел од овие симптоми може да се појават како резултат на инфекција или некоја сексуално пренослива болест. Но, во секој случај треба да посетите гинеколог за да Ви направи преглед и потребните испитувања.

Најголем број мажи инфицирани со ХПВ немаат никакви симптоми. Меѓутоа кај некои се јавуваат генитални брадавици. Тие се во гениталната област и се поединечни, групни, издигнати, равни или во вид на карфиол…

virus labaratorijaКај мажите, гениталните брадавици се јавуваат околу анусот, на пенисот, препоните или надколеницата. Брадавиците се појавуваат за неколку недели или месеци после сексуален контакт зо заразена особа, но можат и воопшто да не се појават. Некој може да биде заразен со ХПВ кој предизвикува генитални брадавици и истовремено да нема брадавици.

Преку половина од сексуално активните мажи се заразуваат со ХПВ во некој период од својот живот.Околу 1% од нив ќе имаат видливи брадавици. Во развиените земји ракот на пенисот е застапен со 0,2% од сите ракови кај мажите

Кондомите го намалуваат ризикот, но не го отстрануваат во целост. Освен сексуалниот однос, ХПВ може да се прошири и преку контакт со кожа на кожа – областа која не ја покрива кондомот може да биде инфицирана со вирусот. Всушност, целата генитална област, од анусот до скротумот, може да ја пренесе болеста преку допир со прсти. Тоа значи и дека девојките што технички сè уште се девици, но се впуштаат во некои облици на интимни односи, како што е дразнење со прсти, може да бидат инфицирани.

ХПВ не се лекува
ХПВ е вирус, а за тоа нема лек. На нашиот имунолошки систем задача му е да го потисне. Во повеќето случаи, имунитетот го надвладува вирусот, па тој не предизвикува штета. Но, научниците не знаат дали во тие случаи вирусот е елиминиран од телото или неговото присуство е намалено до ниво до кое не може да се открие.

Со помош на скрининг Папаниколау (ПАП) тест или цитолошка анализа – биопсија се прави рано откривање на абнормални клетки кои може да се развијат во рак. Ако абнормалните клетки се најдат, жените треба да направат колпоскопија. За време на колпоскопската инспекција може да се направи биопсија на абнормалните области. Истите можат да се отстранат со едноставна процедура, обично со cauterizing јамка или криотерапија. Лекување на абнормалните клетки на овој начин може да го спречи развивањето на рак на грлото на матката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1