Христос се роди – Среќен Божиќ


празникот над сите празници и се исполни со радост вселената! Празникот за торжеството на сите добродетели, корен и извор на сите наши блага. Празник преку кој небото се отвори, Духот се испрати, преградите паднаа, разделеното се соедини, мракот се распрсна, светлината блесна, небото прими естетство, произлезено од земјата, земјата Го прими Оној Кој почива на херувимите, робовите постанаа слободни, непријателите – чеда, инородните наследници! Преку овој празник е уништена продолжителната омраза и долгата војна, и настапи мир, одамна очекуван од ангелите и од праведните луѓе посакуван.

bozikjИ Павле воскликнува, велејќи: „ Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив, oткако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде до Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир “ (Ефес. 2,14-15) Преку Него е воздигната блескавата и славна знаменитост на Крстот: придобивка Христова, почеток на нашата природа, вооружување на нашиот Цар! Има ли нешто на земјата рамно на тој празник?! Бог е на земјата, а човекот на небесата; ангелите им служат на луѓето, а луѓето се во општење со небесните сили; демоните бегаат, смртта е уништена, рајот е отворен, клетвата е симната, гревот исчезнал, заблудата е изгонета, вистината триумфирала! Природата од која херувимите го пазеле рајот, денес се соединува со Бога.

Откако ќе го слушеш ова – прости се со безволноста: тоа е повисоко од секоја надеж и очекување зошто Бог постана човек! Штом ова постана, тогаш и се’ друго ќе последува по Него со разумна последователност.
Тој не би Се понижил Себеси така безрасудно и така напразно, ако немал за цел да не’ возвиси нас. Христос се роди по плот, за да те роди тебе по дух; се родил од жена, за да престанеш ти да бидеш син на жена; допуштил Неговиот Отец да постане роб, за ти робот, да станеш отец на Господарот! Да се израдуваме и развеселиме – со радост да се потсетиме за сите Божји благодејанија кон нас! Меѓутоа, како постанало тоа восхитувачко големо дело? Како ние, огревовените, кои се покажавме недостојни за земјата, бидејќи се лишивме од власта долу, бевме воздигнати на таква висина?! Како се прекрати војната? Како се уништи гревот? Како… ?

Размислувајќи за величието на тоа Христово снисхождение кон човечкиот род, да Му оддадеме на Бога достојна чест и слична награда! Нашата награда кон Бога не може да биде ништо друго освен нашето спасение и нашите души, освен грижата за добродетели и жртви за нашите браќа, Ништо друго не може да биде признак и сведоштво за оној кој верува во Христа и оној кој Го љуби Бога, освен грижата за нашите ближни и грижата за нивното спасение – зашто и Христос не дојде да си угоди сам на Себе, туку за да им послужи на мнозина!

Беседи, Рождество Христово, св. Јован Златоуст

Подготви: НДД за Премин

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1