ХРОНИКА НА ЕДНО СУДЕЊЕ: Како 78год Боро од газда стана должник и заврши во затвор за напад врз извршител


Гевгеличанецот Борис Кусиников, човек на возраст од 78 години, од пред триесеттина дена се наоѓа во затворот „Идризово“ во Скопје. Таму тој ја издржува казната од 7 години и 6 месеци затвор, поради две кривични дела Убиство во обид според член 123 од Кривичниот законик и едно кривично дело Предизвикување општа опасност, според член 288 од КЗ. Неговата приказна ја пренесува Плус инфо, а ја раскажува неговиот син.

Целата приказна во детали можете да ја прочитате на следниот линк на ПЛУС ИНФО , Ние ви пренесуваме дел.

Во првостепената пресуда на Основниот суд во Гевгелија од 26 април 2021 година пишува дека обвинетиот Борис, на кобниот 29 октомври 2020 година, околу 10.30 часот, во канцеларијата на извршителот Данчо Диманчев, со умисла се обидел да лиши од живот две лица – оштетените Перо Поп Костов и Дине Ајцев, адвокат од Гевгелија. наводно Боро извадил пиштол и се заканувал дека ќе пука. Пресудата е потврдена и од Апелација.

Тоа е официјалната верзија на настанот, утврдена со судската пресуда. Но, ова е верзијата на настанот што ја раскажува Иван Кусиников, син на осудениот Боро. тој тврди дека немало пиштол туку татко му со плашливец се обидел да ги заплаши поради игранките кои му ги местеле да му го извршат имотот:

– Во куќата и во дворот ништо не пронајдоа како индиректен доказ дека се работи за вистински пиштол. Куршуми, барут и слично. По земената парафинска ракавица на рацете, не се констатира дека имало барутни честици. Татко ми им призна на истражителите дека во подрумот во едно пластично буре го чувал плашливецот, кој го купил од Бит пазар. Поради тоа, донесоа и куче трагач, кое при допирот со бурето воопшто не реагираше. На крајот, составија записник дека нема никакви траги од огнено оружје најдено во дворот и куќата, при што и бурето го оставија. Татко ми го однесоа во полиција, а наредниот ден му одредија 30-дневен притвор, со обвинение Обид за убиство. Но, вечерта повторно дојдоа од крим-техника, со налог од обвинителката да го земат бурето. Го фотодокументираа, јас се потпишав на записникот, го зедоа и си заминаа. Тоа мене ми стана многу сомнително. Ги прашав зошто дента не го зеле бурето туку во 21 часот вечерта, а луѓето од крим-техника ми одговорија: искрено, немаше потреба да го земеме, но сега имаме наредба од обвинителката – раскажува Иван Кусиников.

– По пресудата од основен, со жалба се обратиле до повисокиот суд. До Апелација стаса и допис од Вишото јавно обвинителство Скопје (КОЖ бр. 1140/21 од 6 септември 2021), во кој се предлага да се прифати жалбата на обвинетиот во целост како основана и по службена должност Апелација да ја укине првостепената пресуда, а предметот да го врати на повторно постапување пред првостепениот суд. Но, на 23 ноември стаса пресуда од Апелација со која жалбата се отфрла, раскажува Иван Кусиников.

Како сопственикот може да му стане должник на кираџијата

Што е тоа што го натерало сега осудениот Боро Кусиников, за кого во Гевгелија може да се слушне дека бил образован, скромен и мирен човек, да посегне по пиштол, макар и плашливец, за така да истера некоја своја правдина? Овој случај има своја предисторија. Кусиникови тврдат дека се изиграни и измалтретирани.

– Сè започна кон крајот на 2015 година, кога решивме по судски пат, со раскинување на договорот, да го отстраниме кираџијата Перо Поп Костов од нашиот деловен објект од 250 метри квадратни, што се наоѓа во центарот на Гевгелија. Објектот е наше наследство. Поп Костов го работеше скоро 20 години, но во последните неколку години почнаа проблеми, бидејќи не ја плаќаше киријата навремено, иако од татко ми имаше разбирање. По неколку судски рочишта, во почетокот на март 2016 година, беше донесена пресуда тој да се исели од објектот. Но, неговиот адвокат Ајцев ја обжали таа пресуда, за да добие во време, затоа што веднаш поднесоа тужба за наводни побарување за негови вложувања во објектот. Се работеше за доградби во деловниот простор од монтажен карактер, тенеќии и слично. Симптоматично е тоа што истата судијка, Тодорка Цилковска Димова, ги водеше и двата спора – и за иселувањето и вториот процес, за неговата тужба за побарувања за наводни негови инвестициски вложувања во објектот. И што е најперверзно во сета оваа монтировка, предметот по основ на неговата тужба против нас заврши многу побрзо од предметот за неговото иселување,

Пресудата која ни ја запечати судбината беше донесена на 9 ноември 2016 година. Беше пресудено да му исплатиме на кираџијата 17.000 евра, кои со судските трошоци нараснаа до скоро 30.000 евра.

– Сите обиди за разговор за наоѓање солуција која би го изземало извршувањето беа залудни. Се обидовме во наредните неколку месеци да го ставиме на продажба објектот, но и тоа беше залудно, бидејќи никој не сакаше да влегува во купопродажни договори за објект за кој се води спор и е под закана од извршување. Во почетокот на 2020 година извршувањето беше привремено стопирано од владата поради ковид-кризата, но веќе во август 2020 продолжија активностите во врска со извршувањето. Еден месец пред кобниот 29 октомври, со татко ми разговаравме да се најде солуција за плаќање на долгот на начин што јас и брат ми ќе одиме да работиме во странство и за неколку години ќе го исплатиме етапно. За овој план татко ми неколку дена пред кобниот 29 октомври разговарал со адвокатот Дине Ајцев, кој наводно го прифатил овој предлог и била договорена средбата кај извршителот Данчо Диманчев – раскажува Кусиников.

Целата сторија на Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1