Хронологија: Како изгледала голготата на Тијана Јуриќ


t1jana26 јули

Бајмочани ја бараат Тијана по улиците, нивите… Во потрага се вклучува полицијата, хеликоптер го надлетува атарот, доведени се и кучиња-трагачи.

27 јули

Од Белгија пристигнува и таткото на Тијана. Полицијата ги испитува сите учесници на турнирот и останатите кои на кој било начин може да се вмешани во исчезнувањето.

28 јули

Освен белите „старки“ и вештачкиот нокт на Тијана, не е пронајдено ништо друго. Сигналот на телефонот на Тијана е лоциран на два километра од Унгарија.

 29 јули

Во истрагата се вклучуваат и унгарската полиција и интерпол. До семејството и пријателите пристигнуваат гласини дека е видена дури во Австралија.

 30 јули

Во Бајмок се и унгарските колеги кои се сретнуваат со министерот Небојша Стефановиќ и го посетуваат местото каде што исчезнала Тијана. Постојат индиции дека девојка која личи на Тијана е видена во Унгарија.

31 јули

Малолетник од Зрењанин отвори страница на „Фејсбук“ претставувајќи се како киднапер и побара милион динари за откуп. Во јавноста се крена фама, но брзо е откриено дека се работи за невкусна шега.

1 август

Семејството не добива никакви официјални информации за своето дете. До нив стигнуваат само гласини дека е видена во други држави, но вестите не се точни.

2 август

На интернет кружат фотографии од Тијана и апел за каква било информација за неа. Во куќата на бабата и дедото на Тијана се собрани родителите, сестра и и бајмочани, кои ја чекаат Тијана да се врати.

 3 август

Сестра ѝ на Тијана и нејзините најдобри пријатели напишаа писмо до државниот врв на Србија во кое молат да се пронајде Тијана.

4 август

И натаму не се знае каде е девојчето и што се сличило. Полицијата не соопштува детали од истрагата.

 5 август

Во потрагата се вклучува и меѓународниот веб-сајт посветен на исчезнати деца во Европа. Празни се улиците во Бајмок.

 6 август

Полицијата околу пладне го приведе осомничениот киднапер на Тијана, кој го признава убиството.

 7 август

Околу полноќ почна откопувањето на телото на девојчето во депонијата меѓу селата Светозар Милетиќ и Чонопља.

tijanaa

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1