Расправија сред улица на 16 австриски округ, заврши со тоа што 44 годишен Хрват пукал со пиштол во 34 годишен Србин.
Србинот, како што соопштила полицијата, се здобил со повреди од куршумот во предлот на главата и се наоѓа во болница во животна опасност.
Настанот се случил околу четири часот утрото, кога тројца мажи се расправале.
Минувачите го затекле Србинот, кој лежел на улицата во Виена, додека Хрватат го сокрил пиштолот и останал на лице место да ја чека полицијата, а третото лице побегнало.
Кога полицијата дошла на местото на настанот кај Хрватот го пронашла пиштолот со калибар 7,65 мм и тој според соопштението го предал без давање на отпор. Полицијата во моментот трага за мотивот на нападот и третото лице кое побегнало.