Резултатите од пет месечното снимање укажуваат на големи потенцијали на наоѓалиштата на плин и нафта, долж цела хрватска страна на Јадранот.
За сега рано е да се зборува за количините и вредностите на наоѓалиштата. Но, секако Јадранот поради својата мала длабочина ќе биде интересен за оние кои работат на ископување на нафта и плин, затоа што експлоатацијата ќе биде многу технички едноставна и поевтина отколку експлоатацијата во големите длабочини, какви што се на пример во Бразил- рече Руне Енг, директор на норвешката компанија Спектрум, која го снимиле подморјето на Јадранот.
Министерот за економија на Хрватска, Иван Врдољак не го криеше задоволството од резултатите. Како што рече тој, веќе на пролет ќе објави тендер за експлоатација на наоѓалиштето.
-Околу 20 светски нафтени компании изразија интерес за тендерот за експлоатација на наоѓалиштата, кој ќе го објавиме во април- рече тој.
Хрватска би можела во блиска иднина да стане нова европска Мека со големи нафтени и плински наоѓалишта