По 100 години: Најголемата мистерија за бебето од Титаник испадна обична измама


Речиси еден век подоцна науката ја реши последната голема мистерија поврзана со потонувањето на Титаник – односно судбината на девојчето Лорејн Алисон.

425373_titanik_ffЖена која за себе тврдела дека како двегодишно бебе била патник на „Титаник“ и преживеала бродолом, се утврдило дека е лажга. Хелен Крејмер лажела дека е ќерка на богаташите Хадсони Бес Алисон кои погинале на легендарниот брод.

Хелен Крејмер првпат во 1940 година изјавила дека таа е Лорен Алисон, дете кое со своите родители и седуммесечниот брат Тревор биле на „Титаник“. Хадсон Алисон бил богат канадски претприемач кој патувал со своето семејство и со голем персонал домашни помошници.

Се верувало дека Лорејн, која во тоа време имала само две години, потонала заедно со бродот, со што таа била единственото дете кое го изгубило животот во првата и втората класа. Но, нејзиното тело никогаш повеќе не било откриено, а 28 години подоцна, во 1940 година, една жена започнала да тврди дека таа е Алисон.

putnici-sa-titanika-foto-wikipediaj-1389625027-426993

Таа тврдела дека kога бродот удрил во сантата лед малиот Тревор, кој во тој момент не бил со своите родители, го спасила нивната слугинка која со себе го понела во чамецот за спасување. била сместена во брод за спасување со човекот, кој пред неговата смрт и` открил дека е Томас Ендрјуз, дизајнерот на Титаник, за кој исто така се мислело дека загинал за време на бродската несреќна.

Хелен Крејмер залудно се обидувала да ги убеди роднините на семејството Алисон дека таа е преживеаната ќерка на Хадсон и Бес . Кога починала во 1992 година, овој случај паднал во заборав. Така останало се до 2012 година кога нејзината внука Дебрина Вудс, не почнала на повеќе форуми да ја објавува приказната за својата баба.

235243_titanik8-foto-rojter_ff

Била направена и интернет страница, а Вудс открила дека планира да напише и книга. Тврдела дека го пронашла куферот на својата баба полн со документи, кои зборуваат за семејната трагедија. Кога го исконтактирала семејството Алисон, тие одбиле секаква соработка и ангажирале адвокат и барале забрана за било каков контакт поради како што рекле малтретирање.

Тогаш Вудс дошла на идеја да го истури пепелот на својата баба во семејната гробница на семејствот Алисон, што сепак било спречено и судот и доделил забрана за приближување

TITANIC-HISTORY-100YEARS-DISASTER-BRITAIN-SOUTHAMPTON

Доколку се утврдело како вистина тоа што го тврдела Хелен, би наследила големо богатство. Затоа во расправата била вклучена и Трејси Ост, научник која ја истражувала трагедијата на Титаник, и форензичарка од канадскиот универзитет во Лорентин.

Била покрената истрага, во која Вудс одбила да учествува. Но нејзината сестра прифатила. истражувачите ја тестирале митохондријалната ДНК на роднините на Алисон и на Хелен Крејмер, жената која се претставувала дека е Лорејн. Резултатите покажале дека нема никакви поклопувања.

Се утврдило дека станува збор за измама со цел да се стигне до слава и богатство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1