Проценетата потрошувачка на алкохол по жител во Хрватска во 2009 година изнесувала 12,76 литри, што е околу 0,2 литри повеќе од годишната потрошувачка во Европската унија која има најголема потрошувачка на алкохолни пијалоци во светот.
Тие податоци објавени се во нацрт план за алкохол на Хрватска од 2012 до 2020 година, кој Министерството за здравство го претстави.
Годишната потрошувачка на алкохол во Европа се проценува на 12,5 литри алкохол по возрасно лице или три алкохолни пијалоци дневно, што е три пати повеќе од светскиот просек.
најмногу во Хрватска се пие пиво – 15,6 литри, 10,7 литри вино, додека потрошувачката на жестоки алкохолни пијалоци изнесувала 0,7 литри.
Хрватска има пониска стапка на смртност од болести на јетра и цироза од просекот на земјите членки на ЕУ по 2004 година, а повисока од Финска, Франција и Полска. Според резултатите од првото истражување за злоупотреба на зависности, кое е спроведено во 2011 година, во Хрватска 92,5 отсто мажи и 80,3 отсто жени конзумирале алкохол.
Една петтина испитаници изјавиле дека пијат шест и повеќе чаши алкохол по ред што се смета за опивање, додека 1,1 отсто испитаници се опивале секојдневно, 5,6 отсто неделно, а 8,6 месечно.
Алкохолот бил виновник и за сообраќајните несреќи. Од вкупно 42,443 несреќи во 2011 година, во кои загинале 105 лица, речиси една четвртина или 12,8 отсто виновни биле пијани возачи.