Оваа туристичката сезона, кога станува збор за вработување, ќе биде многу поплодна од минатата година, анализира „Слободна Далмација“.
Веќе во март се дадени 1.292 огласи за слободни места за сезонска работа, што е за 73,2 отсто повеќе отколку во истиот месец минатата година.
Минатата година само во Сплит биле вработени повеќе од 6.000 лица, но тоа е само бројката на евидентирани работници во регионалната канцеларија на хрватската Служба за вработување во Сплит, а не се сметаат и работниците дојдени од цела Хрватска и околината.
Годинава се проценува дека низ целото хрватско крајбрежје ќе бидат вработени повеќе од 20.000 сезонски работници.
Побарувачката за работна рака се однесува на професиите кои вообичаено се користат поголемиот дел од сезоната: слугинки, келнери, готвачи, рецепционери, продавачи и други работници од областа на туризмот и туристичката индустрија.
Освен стандардните занимања, оваа година се бараат и готвачи специјалисти, сомелиери, спа-терапевти и нутриционисти.
Работници најмногу се бараат за работа во хотелите и кафулињата низ крајбрежјето, но и во туристичките агенции и бродовите за крстарење.