На 10 години сакал да се убие – денес има се


31 годишниот Ник Вујичиќ од Мелбурн е роден без раце и нозе. На 10 годишна возраст се обидел да се самоубие, но потоа станал мотивациски говорник и почнал да ги шири христијанските пораки. Својата убава сопруга ја сретнал во 2008-ма, се венчале во 2012 – та и имаат прекрасно синче!

article-0-1D08FE7200000578-464_634x661Свештеникот Ник не можеше да ја тргне насмевката од неговото лице кога со својата сопруга Канае и синот Кијоши замина на одмор на Хаваите.Вујичиќ од раѓање боледува од тетра – амелиа синдромот. Роден е без екстремитети.На 10 годишна возраст се обидел да се удави во када, но потоа решил дека никогаш нема да се предаде.

На 17 години ја оформил непрофитната хуманитарна организација „Life Without Limbs“ (Живот без екстремитети).

Завршил факултет, а потоа почнал да патува и да држи мотивациски говори за својата вера во Бога. До сега посетил 40 земји на сите континенти.

Во своите мотивациски говори раскажува за суровоста на децата кои се подигрувале со него кога бил мал, но и за храброста која е потребна да се надмине хендикепот.

Неговата мисија е да биде инспирација на другите хендикепирани луѓе низ светот.

Канае Мијахара ја сретнал во 2008-ма. вели дека тоа било љубов на прв поглед.

На 15 април тој ќе ја објави книгата „Stand Strong: You Can Overcome Bullying“.

– Насилниците сакаат да малтретираат, но вие можете да ги искористите да ве мотивираат. Бидете цврсти, ако знаете кој сте никој не може да ви каже кој сте. Имајте силни вредности кои ни еден насилник не може да ви ги поремети, имајте силни пријателства, имајте силно чувство на емпатија кон нив – треба да им се помогне да немаат потреба од малтретирање на другите – советува меѓу другото Ник./ извор: Дејли меил

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1