Хрватската манекенка го шокираше регионот: Се проституирав, дрогирав..


Хрватската ријалити ѕвезда и бивша манекенка Симона Мијоковиќ одлучила да проговори за својот живот и што сè преживеала, додека не пронашла спас во верата. Сè почнало на осум години кога нејзините родители се развеле па мајка ѝ ја оставила со татко ѝ, а по две години ја земала и однела со својот нов сопруг.simona33

– За жал, очувот ме злоставуваше и во семејството се создаде мрачна страна каде што мајка ми во мене гледаше конкуренција, жената во мене – раскажала Симона.

Набрзо почнала да бара спас во дрогата. Веќе на 13-годишна возраст била на кокаин.

– Пробав сè што можеше да се проба. Бев многу љубопитна како дете – рекла Симона која тогаш почнала да се занимава со мода.

– Мајка ми во светот на модата ме воведе на 13 години, а веќе на 14, за жал, јас заболев од булимија, Секојдневно повраќав, а месечно давав 20.000 куни на храна – признала Симона и додала дека се проституирала за храна, бидејќи поинаку не би собрала пари.

Симона денес живее во Австрија со сопругот и ќерката, а булимијата останала далеку зад неа. Се излекувала со помош на осветена вода и храна.

Од пеколот на проституцијата побегнала откако го запознала Анте Готовац, својот сега веќе поранешен сопруг. Но, животот со него не бил многу подобар.

– Ние се фалевме дека живееме Содома и Гомора. Кај нас се случуваа забави, буквално оргии, дрогирање, секој неморал. Сè она што е најголем неморал, тоа се случуваше во нашата куќа – признала Симона.

Меѓутоа, кога на 20 години станала мајка, била свесна дека некои работи мора да се променат.

По 13 години таков живот, Симона го пронашла Исус кој, како што вели, ја вратил на вистинскиот пат. Но, тој пат не бил лесен. Во сеќавање посебно ѝ се врежала првата средба со крстот ТАУ.

– Имав кошмари. Еден глас ми зборуваше: „Тргни го тоа! Ттргни тоа, ќе ти биде подобро кога ќе го тргнеш!“. Го слушав гласот на ѓаволот и кога некој ми вели дека ѓаволот не постои, ма и тоа како постои – раскажала Симона.

Симона, исто така, открила дека често посетувала гатачки, бајачки и биоенергичари, на кои им дозволувала на неа да извршуваат разни обреди.

Симона собрала храброст да признае каков пекол проживеала, а благодарение на верата, сегашниот сопруг Станислав Мијоковиќ и ќерката габриела застанала на стабилен и среќен пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1