Хрватската претседателка: Не сакам кај нас да гледаме сцени како во Македонија, Србија и Унгарија


Хрватската премиерка Колинда Грабар Китаровиќ му предложила на премиерот Зоран Милановиќ свикување седница на Советот за национална безбедност, бидејќи „бегалската криза се комплицира од час во час“. Таа сака да се увери дека Хрватска е подготвена, и дека Хрватите нема да гледаат, како што кажала, „сцени какви што гледаме во Македонија, Србија и Унгарија “, пренесува Јутарњи.kolinda kitarovic

„Тоа не е само хуманитарно, туку и безбедносно, економско и социјално прашање. Затоа сакам да знам дека сме спремни тие луѓе достоинствено да ги згрижиме и истовремено хрватските граѓани да живеат во безбедност и да ја сочуваме стабилноста на земјата“, порачала хрватската претседателка.

Таа додала дека бегалската криза не е моментална и истакнала дека треба да се согледаат сите нејзини аспекти. На прашањето на новинарот дали е можно Хрватска, како некои европски земји, да ги затвори границите, Китаровиќ одговорила дека не верува во такво сценарио, но дека земјата „мора да биде безбедна и стабилна, да ја гарантира безбедноста на хрватските граѓани и да обезбеди да нема какви било инциденти од меѓуетничка и меѓуверска природа“.

Таа предупредила дека Хрватска мора да има став околу бегалската криза кој ќе го застапува во ЕУ.

„Веќе подолго време предупредувам дека она што во моментов го правиме со квотите е гасење шумски пожар со обичен апарат за гасење. Проблемот е многу поширок, треба да се разгледа и причината за заминувањето на тие луѓе од своите држави и да се види што може ЕУ да направи за да се отстранат основните причини, за состојбата да се стабилизира и да се контролираат миграциите“, кажала Грабар Китаровиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1