Хрватските граници остануваат затворени за Македонија и Србија


Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија.

„Успеавме во првото полувреме да ја победиме епидемијата. Направивме план според кој би ја измениле одлуката за привремена забрана за поминување на граничните премини за државјани од низа земји, за туризам. Тоа би се однесувало на Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија“, наведе Пленковиќ.

Како што кажа тој, листата ќе се проширува во согласност со ситуацијата.

Претходно и Црна Гора објави листа на земја за кои ќе бидат отворени границите од 1 јуни, а меѓу кои не се Македонија и Србија поради бројот на случаи со заразени со коронавирусот. На листата на земји кои можат да летуваат во Црна Гора од регионот се наоѓаат Хрватска, Албанија, Грција и Словенија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1